Top Sport

Хаос во репрезентацијата на Србија пред ЕП

На две недели до почетокот на Европското првенство во ракомет репрезентацијата на Србија се соочува со сериозни проблеми. Откако повреди од списокот отпаднаа двајца голмани Дејан Милосављев и Тодор Јандриќ, јавноста дозна дека селекторот Ненад Перуничиќ преку СМС порака го отпуштил својот помошник Недељко Јовановиќ.

Јовановиќ рекол дека еден месец не бил дел од стручниот штаб на репрезентација. Тој открил дека селекторот преку СМС порака му ја соопштил одлуката.

„Добив СМС порака со која Перуничиќ ме извести дека повеќе не сум негов помошник. Во пораката пишуваше дека не можеме повеќе да соработуваме бидејќи не сме гледале исто на работите. Да бидам искрен ова не го очекував пред почетокот на Европското првенство“, рекол поранешниот рперезентативец и дополнил.

„Го барав не ми се јави. Сакав да го прашам да направам видео материјал од нашите два натпревари во Австрија и да им го поделам на играчите, да можат да ја анализираат играта. Три часа по повикот на кој не ми одговори добив порака: „Не можеме повеќе понатаму, не гледаме исто на работите“. Тоа е негова одлука, нема ништо со тоа“.

Очигледно дека соработката на поранешните репрезентативни соиграчи била далеку од добра.

„На телефон никогаш не се јавуваше, испраќаше само СМС пораки. Изгледа мисли дека е Жозе Мурињо. Со ова завршив со српскиот ракомет. Ќе се обидам да заминам во странство“, завршил Јовановиќ.

ЕП во ракомет ќе се одржува од 10 до 26 јануари во Австрија, Норвашка и Шведска. Србија се наоѓа во А-групата , во Грац, со Хрватска, Белорусија и Црна Гора.

фото/ starsport

Scroll to Top