Top Sport

Тим на играчи што симболизирале една ера или стил на игра

Новинарите на тиражниот шпански весник „АС“ се фатиле за неблагодарна работа, да состават тим од играчи што симболизирале една ера или еден стил на игра. Меѓу најдобрите 11 се наоѓаат легенди на оваа игра, а она што е забележливо е дека во еден ваков тим го нема најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

На голот на на овој тим е единствениот гол во историјата што ја добил „Златната топка“, легендарниот Рус Лав Јашин.

Погледнете го тимот кој го составиле новинарите на „АС“. Очигледно е дека не им било важно играчите да бидат на позициите на кои играле во своите кариери.

Голман: Лав Јашин (СССР)

Одбрана: Кафу (Бразил); Боби Мур (Англија), Франц Бекенбауер (Германија), Паоло Малдини (Италија)

Среден ред: Јохан Кројф (Холандија), Зинедин Зидан (Франција), Диего Марадона (Аргентина), Алфредо Ди Стефано (Аргентина)

Напад: Лионел Меси (Аргентина), Пеле (Бразил).

Scroll to Top