Top Sport

Хендави блескаше, Египет ја победи Шведска

Ракометарите на Египет изборија пласман во четврт-финалето на Олимписките игри во Токио. Избраниците на поранешниот македонски селектор Гарсија Парондо, во четвртото коло во Б-групата, ја победија Шведска со 27:22 (13:9). Белскав настап имаше поранешниот голман на Еурофарм Пелистер Хендави со 17 одбрани.

Египет, благодарение на брилијантниот Хендави, доминираше од почетокот до крајот на мечот. Швеѓаните имаа обид да фатат приклучок во раната фаз аод второто полуреме, кога од 12:18 дојдоа до 15:18, меѓутоа Египќаните го одбија тој налет.

Покрај голманот Хендави, во редовите на Египет се истакнаа Санад со шест и Јахија со пет гола. Швеѓанецот Шелас со седум гола беше најефикасен на натпреварот.

Египет со три победи и еден пораз избори четврт-финале, каде веќе беа Данска и Шведска. Последниот патник меѓу најдобрите осум од оваа група ќе биде Португалија или Бахреин.

Во последното коло на 1.август, Египет ќе игра против Бахреин, а Шведска против Данска.

Scroll to Top