Холандија ја совлада Шведска со 24:21 за да го освои бронзениот медал на Светското првенство во ракомет во Германија, откако доминираа во текот на целиот меч.
Холанѓанките имаа шест гола предност на полувреме (14:8), но дозволија Швеѓанките да направат пресврт на почетокот на второто полувреме со низа од 9:0 и да поведат со 18:16. На, крајот Холанѓанките се созедоа и стигнаа до победа.
Абинг постигна осум гола за Холандија, Полман имаше пет гола, а на голот блесна Вестер со 14 одбрани. Кај Швеѓанките, Гулден имаше седум погодоци.
Во финалето во Германија ќе се сретне носителот на титулата Норвешка со Французинките од 17.30 часот.