Македонија го одигра можеби најдоброто полувреме на Светското првенство во Германија и Данска, откако со силната Шпанија имаме само еден гол негатива (12:13) по триесет минути игра.
Селекцијата на Раул Гонзалес очигледно реши да не се „штеди“ за утрешниот клучен меч со Исланд, тргнувајќи фантастично со 5:2 водство, поддржани од одличниот Митревски на голот.
Капитенот Кирил Лазаров беше фантастичен против Шпанија, каде што помина голем дел од кариерата, постигнувајќи пет гола, додека по два гола имаа Пешевски, Филип Лазаров и Манасков.
За разлика од претходните мечеви против „фуријата“, овојпат не бевме „засенети“ од нивната игра и сега во следните 30 минути треба да се надигруваме за победа или реми, која сепак нема да значи поминување во втората фаза, бидејќи за тоа директно ќе играме против Исланѓаните.
Фото: ЕПА