Познатиот хрватски ракометар и тренер, Ненад Кљаиќ е еден од фаворитите за позицијата селектор на српската репрезентација по бурните случувања, и тој во интервју за „Спортклуб“ потврдува дека има неформални разговори со луѓето во федерацијата.
„Водев неформални разговори со некои луѓе. Јас веднаш би го прифатил предизвикот, дури и за помали финансии од кои ми ги нудат во другите држави бидејќи и така многу време сум во Белград. Јас сум Хрват и би било прашање како тоа би го прифатиле луѓето. Јас лично не би имал проблем, бидејќи сум професионалец. Но, тоа не зависи од мене“, вели Кљаиќ.
Кљаиќ е без работа откако беше отпуштен од селекторското место на Саудиска Арабија и тоа со имејл порака.