Top Sport

Хрватите го победија Исланд па ја „светнаа“ соблекувалната

Хрватските ракометари, во Б-групата на Светското првенство славеа победа над Исланд, а по натпреварот ја оставиле соблекувалната во состојба како во не да не бил никој. Овој тренд го започнаа Јапонците на фудбалскиот Мундијал во Русија.

На социјалните мрежи се појавија фотографии со коментар: „ Ма кој Јапонци. Погледнете во каква состојба ја оставивме соблекувалната“.

Хрватска славеше над Исланд 31:27. Хрватите во третото коло ќе играат против Македонија.

Scroll to Top