Top Sport

Дончиќ е незапирлив, ја среди Минесота (Видео)

Лука Дончиќ одигра уште еден извонреден натпревар и повторно ја истакна кандидатурата за наградата „Руки на годината“.

Далас Маверикс победија против Минесита Тимбервулфс 119:115, благодарение на брилијантното издание на 19-годишниот Словенец, кој само во последната четвртина постигна 11 поени.

Дончиќ беше на два скока оддалечен од трипл-дабл, тој мечот го заврши со 29 поени, 12 асистенции, 8 скока и 2 украдени топки.

„Важна победа за нас. Игравме тимски и одигравме одлично, два пати имавме серија 8:0“, рекол Дончиќ.

Тој потврдно одговорил на прашањето дека во одредени делови од натпреварот, особено во финишот противничките играчи не внимавале доволно на него.

„Да изненаден сум. Лошо шутирав за три поени на овој меч, можеби тоа е причината“.

А дали бил разочаран што не забележал трипл-дабл?

„Не воопшто, не гледам на таа статистика. Важно е ние да победуваме. Секако дека би сакал да забележев трипл-дабл, но на крајот важни се победите“.

Покрај Дончиќ во победата над Минесота, во редовите на Далас се истакнаа Харисон Барнс со 23, Хосе Бареа со 16 и Двајт Пауел со 16 поени. Кај Минесота подобри од останатите еа Карл-Ентони Таунс со 30 поени и 11 скока, односно Дерик Роуз со 21 поен.

Scroll to Top