Вчера во Хрватска започна Европското првенство во ракомет со мега-дуелот Хрватска-Србија, а додека ние го чекаме првиот настап на македонската репрезентација, австриските фанови јавно проговорија за незадоволството од организацијата на натпреварите во Пореч.
Хрватите стигнаа до победа од 10 гола над Србија, по што се пофалија со видео во кое „каубојците“ слават во автобусот по натпреварот.
Во Пореч пак, Белорусија ја изненади Австрија со 27:26, но навивачите се лути од организацискиот хаос, и „Вечерњи лист“ вели дека до нив имало доста жалби на мешаницата пред натпреварувањето.
„Се наоѓаме во Пореч, и морам да признам дека тука има хаотични услови. Само еден влез за 2.000 навивачи и чекање од половина час само да се влезе во арената. Никогаш не сум видел полоша организација“, напишал разочараниот навивач.