Хрватска едно полувреме имаше мака со цврстите Исланѓани во Сплит, но на крајот стигна до победа од 29:22, за пласман во втората рунда на Европското првенство, откако претходно во првиот меч ја порази Србија.
Тимот на Лино Червар не почна најдобро и во текот на првото полувреме беше израмнето, иако Хрватите во еден момент имаа +3 (12:9). На полувреме се отиде со 14:13 предност за домаќините, пред во второто полувреме оваа предност да се зголемува до конечните 29:22.
?? Croatian centre back Igor Karacic made this beautiful counterattack by himself against Iceland. Raising the score for Croatia in Group B preliminary rounds. @HSI_Iceland @HRStwitt #hypnoticgame #ehfeuro2018 #ISLCRO pic.twitter.com/wx0vcpXzzZ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 14, 2018
Ѕвездата на Вардар, Лука Циндриќ беше најефикасен со седум постигнати голови, а по четири имаа Марко Мамиќ, Лука Степанчиќ, Мануел Штрлек и Игор Карачиќ. За Хрватите останува уште еден меч во Сплит, каде што во вторник ја дочекуваат Шведска.
Во групата Б, Норвешка не остана разочарана од пропуштената победа над фаворизираните Французи во првото коло, и со 33:28 ја победи упорната Белорусија. Бјорнсен, Гулеруд и Сагосен имаа по шест голови за „викинзите“.
Line player Magnus Gullered scores at the beginning of the second half against Belarus in a desperate position, almost touching the ground with his whole body. Have a look!@NORhandball #Belarus #ehfeuro2018 #NORBLR pic.twitter.com/RUVzcVWbtO
— EHF EURO (@EHFEURO) January 14, 2018
ГРУПА А
Србија – Шведска 25:30
Исланд – Хрватска 22:29
Табела: 1.Хрватска 4, 2.Шведска 2, 3.Исланд 2, 4.Србија 0
ГРУПА Б
Австрија – Франција 26:33
Норвешка – Белорусија 33:28
Табела: 1.Франција 4, 2.Норвешка 2, 3.Белорусија 2, 4.Австрија 0