Top Sport

Хрватките ги победија и светските шампионки!

По изненадувачката победа над Унгарија, хрватската женска ракометна репрезентација направи уште една сензација, триумфирајќи со 27:25 над светските шампионки Холандија, за да обезбедат пласман во втората рунда на натпреварувањето, и утре да го играат последниот меч против Србија за првото место во групата.

Победникот во мечот го реши најдобрата хрватска ракометарка во мечот, Лариса Калаус со својот деветти гол на 35 секунди пред крајот на мечот. Камила Мицијевиќ исто така беше одична со шест гола, додека кај Холанѓанките, Луис Абин и Кели Дулфер постигнаа по пет гола.

Французинките, не дозволија вакво изненадување, и ја прегазија Словенија со 27:17 за втора победа во групата Ц, каде што вечерва играат уште Данска и Црна Гора.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО

ГРУПА А

Словенија – Франција 17:27 (6:12)

Данска – Црна Гора 20.15 ч.

ГРУПА Ц

Хрватска – Холандија 27:25 (13:14)

Србија – Унгарија 26:38 (11:20)

Scroll to Top