Хрватската женска ракометна репрезентација со пресврт успеа да слави победа против Аргентина на Мундијалот што се игра во Шпанија. Резултатот по 60 минути игра беше 28-22. Со тоа Хрватските ги задржаа теоретските шанси за пласман во следната натпреварувачка фаза за пласман меѓу најдобрите 8 на шампионатот.
Хрватките добро го отворија мечот, имаа водство од 9-5, но следуваше пад на избраничките на селекторот Шоштариќ, а Аргентинките на полувреме заминаа со предност, 14-12.
Сепак, во вториот дел фаворитот заигра подобро, па во последните 10 минути при негатива на Хрватска од 21-19 следуваше огромна серија од 9-1 за висока победа на Мундијалот.
Јунак во победничката селекција беше Стела Посавец со 8 гола.
Хрватска дојде до втора победа на шампионатот и први бодови во втората фаза од натпреварувањето. Им преостануваат уште мечеви со Шпанија и Австрија, на кои со победи ќе имаат надеж за влез во четвртфинале.
Во дневниот термин, Јужна Кореја со 32-26 беше подобра од селекцијата на Чешка.