Top Sport

Најдобрите неамерикански кошаркари во НБА: Олајџувон, Новицки, Адетокумбо, Неш, Гасол…

Специјализираниот портал „Hups hajp” објави листа со 75 најдобри странци кои играле во НБА лигата.

Првото место му припадна на Хаким Олајџувон, кој беше член на златната генерација на САД на ОИ во 1996 година. Роден е во Нигерија.

Втор е Германецот Дирк Новицки, а во топ 5 се уште и Јанис Адетокумбо, Стив Неш и По Гасол.

Од Балканот на оваа листа има многу кошаркари, најдобропласиран е Никола Јокиќ, на 8. место. Следува Лука Дончиќ на 11. позиција.

Покојниот Дражен Петровиќ е на место број 14, а Пеџа Стојаковиќ е 16-ти. Владе Дивац е на 20. позиција, а две места подолу се најде Тони Кукоч.

На оваа листа има место и за Горан Драгиќ, Дино Раџа, Дејан Бодирога, Предраг Даниловиќ, Драхан Кичановиќ, Радивој Кораќ, Немања Бјелица, Милош Теодосиќ, Богдан Богдановиќ и Александар Ѓорѓевиќ.

Scroll to Top