Хрватската ракометна репрезентација е првиот финалист на 29. Светското првенство. Хрватска во Загреб ја совлада селекцијата на Франција со резултат 31:28 (18:11).
Во феноменална атмосфера во Загребската Арена, домашните во првото полувреме играа како во транс, кога стекнаа капитална предност и со која ја скршија Франција.
Ниту најголемите оптимисти не очекуваа дека Хрватите ќе го реализираат буквално секој напад, а Французите ќе губат топки во серија.
Хрватите погодуваа од сите позиции. Од бековските Мараш, Срна и Мартиновиќ, а од крилата Јелиниќ и Главаш.
Тоа резултираше со огромна серија на Хрватска, која во еден момент водеше со дури девет гола разлика, 18:9.
Сепак, Французите го затворија првото полувреме со два гола, а потоа го отворија второто со водство од 4:1. А, и покрај исклучувањето на Мин, „триколорите“ успеаја да се вратат и да внесат малку неизвесност во натпреварот.
Но, избраниците на Дагур Сигурдсон го одбија тој налет и со огромната подршка од навивачите и огромниот притисок врз судиското двојка, успеаја да го приведат натпреварот до крај.
Срна и јелиниќ постигнаа по седум голови, Мартиновиќ шест, а Кузмановиќ на голот имаше 13 одбрани. Франција ја предводеше Мем со осум гола.
Во второто полуфинале, в петок од 20 часот и 30 минути, во Осло се среќаваат бранителот на титулата Данска и Португалија.
Финалето се игра в недела во норвешката престолнина со почеток во 18 часот.