Хрватската ракометна репрезентација, конечно, одигра убедлив натпревар, победувајќи го Бахреин со 28:18 за да дојдат чекор поблиску до пласман во четврт-финалето на Светското првенство во ракомет.
Откако им дозволија само два гола во првите 20 минути на противниците, по што рутински стигнаа до целта. Златко Хорват со осум гола беше најефикасен за „коцкестите“, по четири имаа Иван Мартиновиќ и Марино Мариќ, додека за Бахреин, Алсајад Хусаин имаше шест гола. Следен противник на Хрватите е Аргентина.
Одлична партија имаа и Унгарците, кои со 29:23 го совладаа Бразил за да се зацврстат на првото место во групата 1. Бенце Банхиди беше најдобар со пет гола, по четири додадоа Сунајке, Мате и Бодо, додека кај Бразил, Ланжаро имаше осум гола.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 1
Уругвај – Полска 16:30 (9:14)
Унгарија – Бразил 29:23 (16:11)
Шпанија – Германија 20.30 ч.
Табела: 1.Унгарија 6, 2.Полска 4, 3.Шпанија 3, 4.Германија 2, 5.Бразил 1, 6.Уругвај 0
ГРУПА 2
Јапонија – Аргентина 24:28 (13:17)
Хрватска – Бахреин 28:18 (13:8)
Данска – Катар 20.30 ч.
Табела: 1.Хрватска 5, 2.Данска 4, 3.Аргентина 4, 4.Катар 2, 5.Јапонија 1, 6.Бахреин 0