Top Sport

Хрватска со победа ја отвори главната фаза на ЕП

Хрватските ракометари ја отворија главната фаза на Европското првенство со победа над Исланд – 30:29 (19:15).

Избраниците на Дагур Сигурдсон водеа од самиот почеток на натпреварот и успешно ги одбиваа нападите на Скандинавците во текот на целиот натпревар. Првото полувреме го затворија со серија од 3:0 и стигнаа до најголеми плус четири.

Омар Магнусон реши да ги земе работите во свои раце и со пет гола во второто полувреме успеа да ја намали предноста на Хрватите на само еден гол разлика.

Тоа не ги поколеба трикратните сребрени медалисти од првенствата на Стариот континент, кои повторно избегаа на безбедно растојание и обезбедија многу важен триумф.

На крајот сепак им дозволија на Исланѓаните да постигнат два брзи гола, што на крајот може скапо да ги чини доколку се формира круг со три или повеќе репрезентации со ист број на бодови, кога ќе се гледа гол-разликата.

Матео Мараш и Звонимир Срна ја предводеа Хрватска. Првиот постигна седум, вториот шест гола. Одличен беше и голманот Кузмановиќ, кој одбрани три седмерци.

Од друга страна, се истакнаа Магнусон и Один Рикардсон, кои броеја до осум.

Хрватите ќе се сретнат со Швајцарија, Словенија и Унгарија до крајот на Главната рунда.

Доколку се најдат меѓу првите две нации во групата, ќе обезбедат место во полуфиналето.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');