Top Sport

И најголемите ривали на Порто се молат за Квинтана

Пред два дена ракометниот свет го потресе ужасна вест – португалскиот голман кој е член на тимот на Порто, Алфредо Квинтана доживеал срцев удар на тренинг со екипата. Оттогаш е во болница, во тешка состојба.

Последните вести од португалските медиуми се дека состојбата не му е променета, иако докторите сметаат дека во моментов е стабилен.

Голема поддршка за Квинтана и неговиот Порто доаѓа од цел свет, но пред се од големите португалски ривали – Бенфика и Спортинг.

На вчерашниот меч двете екипи настапија со маички со поддршка за Квинтана. Бенфика издаде посебни дресови со неговото презиме, а нивниот голем ривал излезе со маички на кои пишува „Сите сме со тебе“.

РК Порто на официјалната страна се заблагодари за поддршката:

„На сите луѓе и клубови кои беа солидарни со ситуацијата на нашиот голман – искрено благодариме. Во овие тешки времиња се сеќаваме на неговите зборови минатата година `Се борам уште откако сум дете, јас сум извонреден војник`“.

Scroll to Top