ЕХФ му се извини на популарниот Стинг што мораше концертот кој во моментов трае на арената „Тоше Проески“ во Скопје да го одложи на неколку часа.
Причината за одложувањето е тоа што Вардар играше финале на Ф4 турнирот во Келн.
Не само што играше, туку и го доби тоа финале и се искачи на покривот на ракометна Европа, вторпат по 2017 година.
Од ЕХФ на Стинг му порачаа:
„Се извинуваме за одложувањето, догодина дојди да настапиш во Келн за да немаш ваква мака“ – гласеше пораката на Твитер.
Sorry for the delay @OfficialSting, next year it would be easier if you come to perform directly with us in Cologne. ?#ehffinal4 #hellocologne #veluxehfcl pic.twitter.com/cumHenQOBu
— EHF Champions League (@ehfcl) June 2, 2019