Top Sport

Ивица Обрван доби отказ од ППД Загреб

Поранешниот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, не е веќе тренер на ППД Загреб, објави ракометниот клуб на својата официјална веб-страница. Хрватскиот ракометен стручњак ја напушти клупата по 18 месеци, а тимот до понатамошно известување ќе го водат помошниците тренери Тончи Валчиќ и Денис Шпољариќ.

Обрван го остава ППД Загреб на седмото место во групата А од Лигата на шампионите.

„Би сакале да му се заблагодариме на господинот Ивица Обрван за изминатите 18 месеци во кои со исклучителен професионализам го водеше нашиот прв тим, постигнувајќи ги зацртаните цели. во склад со амбициите на клубот. На Ивица Обрван му посакуваме се најдобро на професионален и личен план, а во име на сите наши играчи, тренери и персонал му благодариме од се срце“, соопшти директорот на клубот, Ведран Шупуковиќ.

Во тимот на ППД Загреб оваа сезона настапуваат двајца поранешни ракометари на Вардар, Тимур Дибиров и Иван Чупиќ.

Scroll to Top