Top Sport

Избраниците на Брестовац се негативни, а чекаат позитивни вести од Египет

Светската ракометна федерација (ИХФ) се уште молчи околу конечниот список со учесници на ракометниот Мундијал кој утре започнува во Египет.

Македонската ракометна репрезентација која е прва резерва на Мундијалот е на готовс, сите репрезентативци имале негативен Ковид тест и подготвени се да отпатуваат кон Африка доколку ИХФ суспендира некоја од учесничките.

Како на филмска лента се појавуваат нови информации за позитивни ракометари во селекциите кои имаат пласман на Светското првенство.

Најпрво Швеѓаните се соочуваа со проблем поради позитивни членови на селекцијата.

Потоа Чесите, каде дури 16 играчи се позитивни на Ковид 19 вирусот имаа проблеми, меѓу кои и селекторскиот двоец. Сепак и со младинци Чесите решија да настапат на СП.

САД со дури 18 заразени играчи плус селекторот се следни на удар. Американците 20 години го чекаат настапот на СП, па оттаму стигнуваат најави дека и со 12 ракометари ќе одат во Египет. Меѓу оние 12 има само еден голман и без ниту еден дефанзивец.

Најновата информација е дека 7 заразени ракометари има и селекцијата на Зеленортските острови.

СП започнува утревечер, со дуелот меѓу Египет и Шведска, а дотогаш и барем до вечерва останува отворено прашањето дали сите што се на спикот за настап ќе го видат Египет или ќе и се насмевме среќата и на нашата селекција.

Scroll to Top