Top Sport

Извлечени четврт-финалните групи во Купот на Македонија

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на четврт-финалните двојки за Купот на Македонија 2018 во женска конкуренција, како и извлекувањето на четврт-финалните групи за Купот во машка конкуренција.

Вкупно осум екипи во женска и 16 екипи во машка конкуренција ќе учествуваат во оваа фаза од натпреварувањето, а дуелите ќе се одиграат во текот на викендот на 21 и 22 април 2018 година.

Куп на Македонија – мажи, 1/4 финале

Група 1, домаќин: РК Вардар
полуфинале:
РК Металург 2 – РК Вардар
ГРК Борец – РК Металург Јуниор

Група 2, домаќин: РК Еурофарм Работник
полуфинале:
РК Струга – РК Радовиш
РК Прилеп 2010 – РК Еурофарм Работник

Група 3, домаќин: РК Бутел Скопје
полуфинале:
РК Бутел Скопје – РК Охрид 2013
РК Делчево Вардар – РК Пелистер

Група 4, домаќин: РК Металург
полуфинале:
РК Металург – РК Вардар Јуниор
РК Пролет 62 – РК Вардар Неготино

Четирите победници на четвртфиналните групи ќе обезбедат учество на завршниот турнир што ќе се игра на 19 и 20 мај 2018 година. Титулата ја брани РК Вардар.

Куп на Македонија – жени, 1/4 финале

Еден натпревар:

ЖРК Овче Поле СУ – ЖРК Вардар
ЖРК Гевгелија – ЖРК Пелистер
ЖРК Деспина – ЖРК Металург
ЖРК Куманово – ЖРК Вардар Јуниор

Четирите победници на четвртфиналните групи ќе обезбедат учество на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра на 19 и 20 мај 2018 година.

Scroll to Top