Top Sport

Извлечени се групите за новата сезона во ЛШ

Европската ракометна федерација, на денешната ждрепка во Виена, ги одреди групите во Лигата на шампионите. Македонија наредната сезона нема да има претставник во Лигата на шампионите, откако Вардар 1961 беше исфрлен од елитното натпреварување.
Честа на македонскиот ракомет ќе ја брани голманот Никола Митревски, инаку член на Порто.

Група А: ПСЖ, Магдебург, ГОГ, Порто, Динамо Букурешт, Веспрем, Висла Плок, ППД Загреб

Група Б: ПИК Сегед, Барселона, Целје, Киелце, Кил, Нант, Елверум, Алборг

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне на 15. и 16.септември.

Откако ќе се одиграат 16.кола, најдобрите шест од секоја група ќе се пласираат во нокаут-фазата. Првите два тима од секоја група директно ќе се пласираат во четвртфиналето.

Scroll to Top