Матијас Андерсон (42) привремено ќе ја прекине пензијата и ќе се врати на ракометните терени. Легендарниот шведски голман ќе потпише краткорочен договор со Кил.
Кил, на почетокот на сезоната, се соочи со големи проблеми на голманската позиција. Двајцата голмани, Никлас Ландин и Никола Билик се повредени. Билки нема да брани шест, а Ландин најмалку два месеци.
Поради повредите Кил останаа само со еден голман, Дарио Кунштед, поради што клубот реши да го ангажира Андерсон кој замина во пензија пред две години.
Андерсон бранел во Кил седум години од 2001 до 2008 година, а потоа седум години блескаше во Фленсбург.
По завршувањето на кариерата работеше како тренер на голманите во репрезентацијата на Австрија, а потоа се врати во Кил за да им биде тренер на Билик и Ландин.