Левиот бек на Металург Халил Јагањац по пет одиграни кола во ракометната Лигата на шампиони се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци.
Јагањац, во саботата, го предводеше Металург до триумфот во Русија над Чеховски Медведи (32:26) со девет постигнати голови.
19-годишниот лев бек во првите пет натпревари постигна вкупно 35 голови, или во просек постигнува по седум гола на натпревар. Дуелот во Русија е втор сезонава за Јагањац на кој постигнува девет голови.
Листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите ја предводи Зига Млакар од Цеље со 36 голови, еден повеќе од Јагањац и од средниот бек на Веспрем Мате Лекаи.
Халил Јагањац во Металург пристигна во летниот преоден рок од ПСЖ, а поради добрите игри на почетокот на сезоната тојсе најде на поширокиот список на селекторот на Хрватска, Лино Червар. н.ц.