Top Sport

(Видео) ЕХФ: Штербик го предводи тимот на колото

Голманот на Вардар Арпад Штербик го предводи идеалниот тим на петтото коло во Лигата на шампионите.

Штербик кој брани во извонредна форма од почетокот на сезоната, со 15 интервенции го предводеше Вардар до победата над Барселона 27:24.

Вардар по пет натпревари ја предводи А групата со девет бодови, еден повеќе од Рајн Некар, следуваат ПИК Сегед и Барселона со по седум, Нант има пет, ППД Загреб два, на последните две места со по еден бод се Висла и Кристијанштад.

Во тимот на колото на најдобар среден бек е македонскиот репреентативец Немања Прибак, кој во ремито помеѓу Бешикташ и Мотор Запорожје (28:28) постигна 12 голови.

Идеалниот тим може да го погледнете на следниот линк

Тимо на 5.коло во Лигата на шампиони:

Голман: Арпад Шетрбик (Вардар)
Лево крило: Бастер Јул-Ласен (Алборг)
Лев бек: Менсах Ларсен (Рајн Некар)
Среден бек: Немања Прибак (Бешикташ)
Десен бек: Алекс Душебаев (Кјелце)
Десно крило: Михаел Дашек (Висла)
Пивот: Никола Турно (Нант). н.ц.

Scroll to Top