Македонскиот репрезентативец, Томи Јагуриновски се врати во домашниот ракомет, откако потпиша договор со тимот на Тикенс Пролет, станувајќи првото засилување за клубот од Скопје.
Јагуриновски се враќа во Македонија од исландскиот Тор, каде што работеше со поранешниот македонски селектор, Стевче Алушовски. Тој беше дел од македонската репрезентација во баражите за СП 2023.
„Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера“, изјави директорот на РК Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.
Фото: РК Пролет