Европскиот и македонски ракометен шампион, екипата на Вардар на својот ФБ профил ги презентираше и последните две засилувања за сезоната 2020/21.
Претставување добија македонскиот ракометар Томислав Јагуриновски и неговиот хрватски колега, Ловро Јотиќ.
Двајцата се бекови.
Познато е дека Јагуриновски потпишал двегодишен договор, а не е откриено колкава верност со „црвено-црните“ потпишал Јотиќ кој е екс-ракометар на Еурофарм Пелистер.
Јагуриновски, пак, дел од кариерата беше дел од Металург.