Јапонскиот ракометар Косуке Јасухира ќе биде дел од Вардар 1961. Тој доаѓа од тимот на Висла Плоцк на едногодишна позајмица.
Станува за бор за среден бек кој има 23 години.
„Следната сезона ќе ја минам како позајмен играч во Вардар. Сигурен сум дека ќе соберам многу искуство во Скопје и ќе се вратам посилен“, изјави Јасухира.