Top Sport

Јапонски шок за Црногорките

Женската ракометна репрезентација на Црна Гора доживеа непријатно изненадување, во второто коло на олимпискиот турнир. Црногорките забележаа пораз од домашната селекција на јапонија со 26:29.

Голманот на Јапонија, Сакура Катумани со 22 одбрани, беше најзаслужна за победата. Најефикасни беа Ишитате со седум и Сунами со пет гола. Црна Гора ја предводеше Грбиќ со осум гола.

На Црногорките сега им престои жестока борба со Холандија, Норвешка и Јужна Кореја за пласман во четврт-финалето.

Scroll to Top