Top Sport

„Ако ти каже неговото височество Федерер тогаш ќе го направиш тоа“

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини со неверојатен пресврт успеа да го мине Американецот Рејли Опелка во првото коло на Австралија опен. Во текот на мечот тој неколку пати влегол во жестока расправија со судијата Карлос Бернардеш.

„Засрами се. Не можете да ми одземете поен кога не ви реков дека се за……е. Ќе беше поинаку доколку го кажев тоа. Тој не престанува да го фрла рекетот и да пцуе, а ти ништо не преземаш“, му рекол Фоњини на судијата.

Фоњини ова го кажал на италијански, поради што добил поинаков одговор од Бернардеш, од оној што го очеквал.

„Сигурен сум дека знаете дека англискиот е официјалниот јазик. Зборувајте ми на англиски“, рекол Бернанрдеш.

„Жалам“, рекол тенисерот од Сан ремо и продолжил.

„Не можам да играм кога судијата не ми го дозволува тоа. Кога Надал ќе ти каже нешто ти тоа и го правиш. Кога тоа ќе го направи Фоњини ти не сакаш да го направиш. Доколку ви го каже тоа неговото височество (Федерер) вие тоа и го правите“, рекол лутиот Фоњини.

За овој испад Фоњини сигурно ќе биде парично казнет. Со пласманот во второто коло тој заработи 79.287 евра.

Scroll to Top