Јованка Радичевиќ, која неодамна со Црна Гора го освои бронзениот медал на Европското првенство, влезе во историјата на Лигата на шампионите.
Радичевиќ, во дресот на Крим против Оденесе (23:29) постигна четири гола и на тој начин стана најдобар стрелец во историјата на женската Лига на шампионите.
Радичевиќ дојде до бројката од 1.017 голови со што ја прескокана легендарната Унгарка, Анита Гербиц на вечната листа.
Јованка Радичевиќ во кариерта има играно за Крим, Ѓер, Будуќност, Букурешт… Пет сезони играше во Скопје, дресот на Вардар го носеше од 2013 до 2018 година.
👑 Your new #ehfcl ALL-TIME TOP SCORER is @jokarad4 – her 4⃣th goal today was her 1⃣0⃣1⃣7⃣th in the competition!#HandmadeHistory pic.twitter.com/BRDdNxL8SO
— EHF Champions League (@ehfcl) December 4, 2022