Јованка Радичевиќ, поранешна ракометарка на Вардар, се најде во идеалниот тим на деценијата, во изборот на специјализираниот ракометен портал „Handball-planet.com“.
Покрај 34-годишната Радичевиќ, која е најдобро десно крило, во тимот на деценијата се најдоа голманката Катрин Лунде, Камила Херем, Кристина Неагу, Корнелија Грот, Нора Мерк и Хајди Локе.
Радичевиќ, во кариерата пет години го носеше дресот на Вардар (2013-2018).
Во изборот учествувале реномирани тренери, ракометни легенди и новинари од целиот свет.
Тренери: Драган Аџиќ (Црна Гора), Адријан Василе (Романија), Пер Јохансон (Шведска), Хорхе Дуенас (Шпанија), Ненад Шоштариќ (Хрватска), Хеле Томсен (Данска), Тор Одвар Моен (Норвешка).
Легенди: Тања Медвед (Србија), Даниела Пиедаде (Бразил), Кристина Варзару (Романија), Рафаеле Тревел (Франција), Каролине Бреиванг (Норвешка), Ања Алтхаус (Германија), Људмила Бодниева (Русија).
Новинари: Лаура Агена (Аргентина), Иболија Шекереш (Унгарија), Зорица Радојковиќ (Србија), Хорхе Даргел (Шпанија), Стиг Нигард (Норвешка), Сергеј Приголовкин (Русија), Бјорн Пазен (Германија).