Македонската ракометна репрезентација до 19 години не успеа да обезбеди пласман во четврт-финалето, откако беше поразена со 29:25 (15:12) од Португалија.
Момците имаа одличен натпревар и не се предадоа до крајот на мечот против силната Португалија, која доминираше во групната фаза. Португалците се одвоија од 12:12 и отидоа со 15:12 на полувреме, по што во второто полувреме цело време „бркаа“ резултат. Македонија се доближи до 16:15, пред Португалците повторно да се одвојат на 18:15, па уште еднаш да дојде до израмнување (18:18).
Најефикасен кај нашата репрезентација беше Мартин Серафимов со девет гола, а Младеновиќ додаде седум гола. Кај Португалија, Мораеш даде шест, а Рибеиро заврши со пет гола.
Во четвртфиналето Португалците ќе играат со селекцијата на Франција, додека Македонија ја чека разигрување за пласман.
Фото: РФМ