Ракометниот клуб Вардар во финишот на преодниот рок го реши проблемот што го имаше на голманската позиција. Нов голман на Вардар ќе биде 21-годишниот Алжирец Калифа Гедбан, кој доаѓа од клубот од Пуенто Хенил.
Трансферот на поранешниот јуниорски репрезентативец на Алижр, клубот го потврди на својата интернет страница.
„Откако РК Вардар ја плати клаузулата, договорот на Калига со нашиот клуб престана да важи“.
Гедбан, во Вардар, доаѓа на местото на Страхиња Милиќ, кој на почетокот на подготовките спогодбено го раскина договорот со црвено-црните.