Организацијата на тениските судии ја разгледува можноста да не делегираа судии за наредните мечеви на Серена Вилијамс. Причина за ова е скандалот што Американката го предизвика во финалето на Ју-Ес Опен, во кој беше поразена од Јапонката, Наоми Осака 2:6, 4:6.

Однесувањето на Серена Вилијамс, кон судијата на тој меч Карлос Рамос, наиде на осуда од останатите судии што ја делеле правдата во Њујорк. Голем дел од судиите истакнале дека организацијата на Ју-Ес Опен била под секое ниво.

foto: epa

Неименуван судија за „Тајмс“, рекол дека Американската тениска асоцијација не постапила правилно, во последните неколку инциденти и дека Карлос Рамос, оставен да се брани сам по инцидентот што го предизвика Серена Вилијамс, бидејќи добро си ја извршил својата работа и ги почитувал правилата.

Судиите ги разгледуваат опциите што треба да ги преземат за да се заштитат од ваквите ситуации, а еден од потенцијалните чекори е да бидат бојкотирани мечевите на американската тенисерка.

Од Серена Вилијамс тие, в сабота, ќе побараат јавно извинување и доколку го стори тоа, тогаш ќе ја делат правдата на нејзините мечеви.

„Серена е во право, имаше сексизам“

ИТФ го брани својот судија по скандалот со Серена: Нашиот судија беше професионален