Алжирскиот интернационалец Калифа Гедбан пристигна во Скопје и му се приклучи на македонскиот и регионален шапион Вардар. Како што соопшти клубот, тој ги минал лекарските прегледи и веднаш му се ставил на располгање на тренерот Роберто Парондо.
Гедбан има право за настап во групната фаза од лигата на шампионите, бидејќи навреме беше пријавен во Европската ракометна федерација.
Гедбан во Скопје доаѓа со договор на една година, со можност за продолжување на уште една. Тој е првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар.
фото: rkvardar.mk