По првото полувреме за „историја“, не ни можеше да биде поинаку. Најавувано како големо дерби и шанса за Вардар да се одмазди на Кил за поразот во Супер глоуб натпреварувањето, дуелот помеѓу европскиот шампион и бундеслигашот донесе неверојатен ракомет, но за жал за гостите, кои одиграа неверојатно прво полувреме по кое имаа 16:4 водство во „Јане Сандански“ за на крајот да не дозволат кам-бек на „црвено-црните“ и да победат со 31:20.
Вардар одамна не одиграл така слабо како во првите 30 минути, откако им беа потребни 10 минути да го постигнат првиот гол, а од четирите постигнати голови во полувремето, двата беа постигнати од пенал.
Niklas Landin was in world-class form for @thw_handball against @HCVardar. Check out the best saves from the Danish keeper. #veluxehfcl #ehfcl ? pic.twitter.com/t9R6tu4LZQ
— EHF Champions League (@ehfcl) October 12, 2019
До 20-тата минута беше неверојатни 11:1 за германскиот клуб, предизвикувајќи неверица кај бројните навивачи во Скопје. По стартот на второто полувреме, Вардар почна да игра многу подобро, да не кажеме препознатливо, но беше доцна за кам-бек и иако се доближија до -5, на крајот германскиот клуб си замина со драгоцени два поени од Скопје.
Хендрик Пекелер им даде осум гола на Вардар, Домагој Дувњак додаде шест, додека Никлас Ландин имаше над 20 одбрани. Кај Вардар, Тимур Дибиров постигна пет гола, Даинис Криштопанс додаде четири.
Фото: РК Вардар