Касим Каменица ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на ракометниот клуб Војводина, објави белградскиот „Спротски журнал“.
Каменица пред еден месец доби отказ во хрватскиот шампион ППД Загреб, бидејќи тимот играше лошот во Лигата на шампионите. Претходно беше тренер на Пелистер, а во кариерата работел во многу клубови на просторите на поранешна Југославија. Најмногу успеси имал со Пруле, Цеље и Загреб во периодот од 1990 до 1998 година.
Во кариерата бил селектор на Словенија и Црна Гора.
Како што пишува „Спортски журнал“, тој треба да договори уште некои детали со Војводина пред да го потпише договорот.
Војводина е последнопласираниот тим во СЕХА лигата, на 12.натпревари во регионалната лига екипата од Нови Сад има забележано само две победи.