Top Sport

Капетанот на Турција и неговиот син загинаа во земјотресот

Капитенот на турската ракометна репрезентација Џемал Кутахја и неговиот син Кјуаинар загинаа во разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужните региони на Турција, јавува Анадолија.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија на 6.февруари јужните делови на Турција со епицентар во Караманмараш, а бројни спасувачки тимови се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

„Со длабока тага ја дознавме веста за смртта на нашиот драг Џемал Кутахја, капитенот на нашата машка ракометна репрезентација и неговиот син Кјуаинар, кои беа закопани под урнатините на куќата во која живееја во Антакија“, соопшти Турската ракометна федерација (ТХФ).

Изразувајќи сочувство до семејството на Кутахја, од ТХФ изјавија дека ќе направат се за неговото име и придонес во спортот никогаш да не бидат заборавени.

Претседателот на ТХФ Угур Килиќ на својот Твитер изјави дека Џемал Кутахја бил човек и спортист со големо срце и капитен во вистинска смисла на зборот.

Scroll to Top