Top Sport

Карабатиќ ќе се пензионира по ОИ во Париз

Никола Карабатиќ (38), најдобриот или еден од најдобрите ракометари во историјата, има желба да го продолжи договорот со ПСЖ. Договорот на најтрофејниот ракометар во историјата со ПСЖ истекува за шест месеци.

Планот на Карабатиќе е да го продолжи договорот на уште една година, а по завршувањето на Олимписките игри во Париз во 2024 година да стави крај на кариерата.

„Се обидувам да не гледам предалеку во иднината, да се концентрирам на она што се случува. Сè може да оди многу брзо. Прво сакав да ја видам формата, да оценам дали сум добар и дали сум корисен за тимот. Сфатив дека се чувствувам добро, во форма сум и сакам да продолжам“, изјави трикратниот олимписки шампион, четирикратниот светски и трикратниот европски шампион.

Карабатиќ во кариерата освои три титули во Лигата на шампионите, со три различни клуба, Монпелје, Кил и Барселона. Со актуелниот клуб не успеа да се искачи на врвот на Европа, а „светците“ ниту оваа сезона не се меѓу фаворитите за титулата.

Никола Карабатиќ, наредниот месец ќе ја предводи Франција на Светското првенство во Шведска и Полска.

Scroll to Top