Еден од најдобрите и најпознатите француски ракометари, Никола Карабатиќ мораше итно да оди на операција на стапалото поради кое ќе пропушти неколку месеци, што е голем удар за Пари Сен-Жермен и амбициите за освојувањето на европската титула.
„Само што бев на операција на левото стапало. Помина добро и благодарам на медицинскиот тим. Ќе бидам во аут од 4 до 6 месеци. Ви благодарам за убавите пораки и ќе се видиме на трените наскоро“, напиша Карабатиќ.
Карабатиќ имаше 15 гола во четири натпревари за ПСЖ во Лигата на шампионите оваа сезона, но тимот на екстренерот на Вардар, Раул Гонзалес е еден од првите фаворити и покрај отсуството на францускиот репрезентативец.