Top Sport

Карабатиќ останува верен на ПСЖ

Трикратниот олимписки шампион, Никола Карабатиќ останува дел од Пари Сен-Жермен барем до 2023 година, откако францускиот клуб потврди дека ветеранот го продолжил договорот во обид да стигне до нова титула од Лигата на шампионите, прва со ПСЖ по трофеите со Монпелје, Кил и Барселона.

„Пресреќен сум што ќе ја продолжам авантурата во црвено-синиот дрес на уште една сезона. И јас и клубот имавме желба да продолжиме заедно. Ќе се обидам да помогнам на клубот да расте и да освоиме што е можно повеќе титули“, изјави Карабатиќ, трикратен освојувач на наградата на ракометар на годината.

Scroll to Top