Францускиот ракометен ас, Никола Карабатиќ признава дека ќе има „подвоени“ симпатии пред финалето на СП во фудбал во кое играат неговата Франција и Хрватска, бидејќи тој има потекло од поранешна Југославија – неговиот татко е Хрват, а неговата мајка Србинка.
„Ова е финалето за кое сонував. Ќе навивам за Хрватска, иако срцето секогаш ме боли кога има натпревари меѓу Франција и Хрватска или Франција и Србија во другите спортови. Јас сум роден во поранешна Југославија, мојот татко е Хрват, а мајка ми е Србинка. Дојдов во Франција на четири години, но во мене остана дел од Балканот“, вели Карабатиќ.
Карабатиќ имаше 14 години кога Франција ја победи Хрватска во полуфиналето на СП во 1998 година со 2:1 и добро се сеќава на мечот.
„Тогаш се радував кога беа постигнати трите гола. Ќе навивам за Франција, но ќе бидам среќен ако победи и Хрватска. Се гордеам со моето потекло исто толку колку што се гордеам што сум Французин. Во семејството ќе биде поделено – некои ќе се за Франција, некои за Хрватска“, објаснува Карабатиќ.