Игор Карачиќ е во идеалниот тим на четврт-финалните реванши, а магијата на Тимур Дибиров е најдобар гол на колото.
ЕХФ го објави својот избор на најдобрите по одигрувањето на возвратните натпревари, по кои Вардар, Кјелце, Барселона и Веспрем изборија пласман на завршниот турнир во Келн.
Карачиќ одигра уште еден беспрекорен натпревар против Пик Сегед, со осум гола тој го предводеше Вардар во реваншот.
Покрај средниот бек на Вардар, во идеалниот тим се уште голманот и левиот бек на Барселона, Перез Де Варгас и Ласе Андерсон, левото крило на Фленсбург Хампус Ване, десниот бек на ПСЖ Недим Ремили, десното крило на Веспрем Драган Гајиќ и пикерот на Пик Сегед Бенсе Банхиди.
Изборот на ЕХФ може да го погледнете на овој линк.
Листата на најубави голови ја предводи Тимур Дибиров, а веднаш зад него е македонскиот репрезентативец од Веспрем, Дејан Манасков. Дибиров постигна неверојатен гол, тој од „мртов агол“ го совлада Марин Шего.
Најубавите голови можете да ги погледнете на овој линк.
foto/epa