Top Sport

Карачиќ: Жал ми е што си одам, но патот повторно ќе не донесе заедно

Игор Карачиќ, според зборовите на Стојанче Стоилов, во Скопје го „направивме човек“, и хрватскиот репрезентативец и МВП на фајнал фор турнирот беше емотивен пред илјадниците навивачи во центарот на Скопје.

„Добровечер Скопје, добровечер Македонија. Не сакам некои тажни приказни денеска, целта беше да играме на фајнал фор, На нашиот народ да му донесеме радост. Тоа ви го ветивме. Фала ви на сите. Фала за сите овие седум и пол години во Скопје и Македонија. Жал ми е што си одам, но некогаш патот ќе не донесе заедно“, изјави емотивниот Карачиќ.

Фото: ЕХФ

Scroll to Top