Top Sport

Кастратовиќ ја презеде Саудиска Арабија

Зоран Кастратовиќ е нов селектор на ракометната репрезентација на Саудиска Арабија. Кастратовиќ, пред една недела си замина од кормилото на Ал Мудар, шампионот на оваа земја.

57.годишниот Кастратовиќ има искуство како селекор, во минатото ги предводеше Иран, Црна Гора и женската репрезентација на Македонија. Како тренер работел во Вардар, Металург, Пролет, Беране, Слобода Тузла, Сутјеска Никшиќ и Ел Џаиш.

Scroll to Top