Top Sport

Кастратовиќ: Да ги затвориме пикерите на Спачва

Металург утре против Спачва ќе го одигра својот прв натпревар во квалификациите за групната фаза во Лига Европа.

“Верувам дека со мотивирана игра и со сериозен пристап, каков што имавме на мечот со Пролет, не би требало да имаме никаков проблем на утрешниот натпревар со Спачва. Ја анализиравме нивната поставеност на играта, така што сметам дека доколку ја спречиме нивната игра со пикер, половина од работата е завршена. Имаме искусна и квалитетна екипа, за која сум убеден дека ќе знае да ја искористи секоја ситуација на теренот и сметам дека утрешниот резултат ќе ни гарантира мирен реванш во Винковци“, вели Кастратовиќ.

Натпреварот се игра утре, со почеток во 19 часот, додека реваншот е планиран на 5 септември во Винковци.

фото/rkmetalurg.mk

Scroll to Top