Top Sport

Катарците тешко над Јапонија

Катар влезе во втората рунда на Светското првенство во ракомет, откако со 31:29 го победија инспирираниот тим на Јапонија во меч од групата Ц, кој беше неизвесен до самиот крај.

Откако пред два дена ја шокираа Хрватска со 29:29, Јапонците повторно одиграа добар меч, а имаа и предност во првото полувреме од 16:15, пред Катар со низа од 5:0 да го преземе водството. Сепак, до крајот „самураите“ не се предадоа и во интересна завршница повторно поведао со 27:26, пред квалитетот на ривалите да го покаже своето.

Франкис Карол Марзо имаше 11 гола за Катар, додека за Јапонците, Анри Дои имаше седум. Во последното коло Катар игра со Хрватска, која вечерва го пречекува аутсајдерот Ангола.

Scroll to Top