Top Sport

Левандовски сруши уште еден стар рекорд во Бундеслигата

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски сруши уште еден рекорд на Бундеслигата, овојпат стариот рекорд на Герд Милер, кој стоеше неверојатни 42 години.

Полјакот го постигна својот 21. гол оваа сезона при 2:1 победата со која Баерн се одвои на +4 на врвот на табелата во Германија, со што го сруши рекордот на Милер од 20 гола во првата половина од бундеслигашката сезона.

Овој успех доаѓа откако минатата сезона тој погоди неверојатни 55 гола во 47 меча во сите натпреварувања, и не ја доби „Златната топка“ само бидејќи организаторите „Франс фудбал“ ја откажаа поради пандемијата на КОВИД-19. На Лева минатата сезоан за еден гол му избега и „златната копачка“, која отиде кај Чиро Имобиле од Лацио.

Баерн се намачи, но го совлада Фрајбург

Scroll to Top