Македонската ракометна репрезентација во првиот меч, во втората фаза на Европското првенство во Хрватска, по првото полувреме губи 15:6 од Шпанија.
Македонија, во Вараждин, го одигра најлошото прво полувреме, првиот гол нашите играчи го постигнаа во седмата минута кога Лазаров реализираше седмерец, а првиот гол од игра избраниците на Раул Гонзалес го постигнаа дури по 14 минути игра, кога Манасков намали на 7:3.
Во тие моменти покај неповрзаната игра Македонија ја задеси голем пех бидејќи капитенот Лазаров се повлече од игра поради повреда на задната ложа на десниот мускул.
Иако Македонија играше катастрофално во нападот, имаше активен резултат во 19.минута кога Стоилов намали на 8:5. Во првите 20 минути Македонија во игра ја држеше голманот Бороко Ристовски, кој имаше седум успешни интервенции.
Но од тој момент „црвено-жолтите“ никако не можеа да ја пробијат зоната на Шпанците, а и со нерезонските шутеви го разбранија шпанскиот голман Де Варгас.
Но потоа на нашата селекција следуваше од 19.миута до последната секунда од првиот дел кога Шпанија постигна седум а прими само еден гол.
Манасков и Стоилов со по два гола се најфикасни кај Македонија, додека Шпанија ја предводи Гурбиндо со три гола.